Најмногу го сакаме Бурнемут, а најмалку Челси

Англичаните објавија листа на најомразени клубови во своите редови. Истражувањето покажува дека навивачите најмногу ги мразат најјаките екипи на островот.

Најомразениот клуб во Премиер лигата е Челси, а најмалку омразен е Бурнемут, стои во резултатите кои ги објави Manchester Evening News.

Во оваа непопуларна табела лошо котираат и Ливерпул, Арсенал и двете екипи од Манчестер, а со шампионот Лестер, Барнли и Ватфорд ситуацијата е обратна.

93% од навивачите на Манчестер Јунајтед гласале дека најмногу ги мразат Манчестер Сити и Челси, а Сините се најомразени се и меѓу навивачите на Бурнемут. Кај оние на Манчестер Сити котираат на второ место.

Навивачите на Челси пак со 96% го гласале Манчестер Јунајтед како најомразен клуб, а Сити.

1. Челси
2. Манчестер Јунајтед
3. Ливерпул
4. Манчестер Сити
5. Арсенал
6. Тотенхем
7. Стоук
8. Вест Хем
9. Сандерленд
10. ВБА
11. Кристал Палас
12. Евертон
13. Хал
14. Мидлсборо
15. Свонси
16. Саутемптон
17. Ватфорд
18. Барнли
19. Лестер
20. Бурнемут

26 јули 2016 - 15:28