Најмладиот навивач на Сандерленд донира за загинатите фанови на Њукасл

Во големата контроверзна авионска трагедија со „Малезија ерлајнс“ во која загинаа 298 патници имаше и двајца навивачи на премиерлигашот Њукасл. Додека клубот тагува за жртвите, нивните најголеми ривали не престануваат да донираат пари за нивните семејства.

Џон Адлер (63) и Лијам Свини (28) летале за КуалаЛумпур, а од таму требало да продолжат за Нов Зеланд, за да го поддржуваат својот клуб во подготвителните натпревари пред стартот на новата сезона во Премиер лигата.

Откако Англија дозна дека биле дел од жртвите во авионот кој се урна во Украина, најголема хуманост покажаа навивачите на Сандерленд кои заборавија на големото локално ривалство со Њукасл.

Тие покажаа огромна сплотеност и според англиските медиуми со голема организација преку социјалните мрежи успеале да соберат околу 22.000 фунти за семејствата на загинатите.

Главна атракција меѓу нив е малиот навивач на СандерлендОли, кој продава привезок со боите на Њукасл, а парите планира да ги донира како и останатите навивачи. Тој има посебна фан страна на фејсбук, а засега успеал да достигне ена од 150 фунти.

Тој рекол дека сам ја изработил алката од која се надева дека ќе заработи повеќе пари за да ги донира за жртвите, а во нивна често игра со часови ФИФА, но само со екипата на Њукасл.

Претседателот на „Црно-белите“ изјави дека новата сезона во англиското првенство која стартува во средината од август ќе ја посвети на Адлер и Свини.

21 јули 2014 - 21:02