Најкусите пенал серии во историјата на големите натпреварувања

Селекциите на Чиле и Португалија ги одиграа најкратките пенали на репрезентативните континентални натпреварувања, кои всушност се случуваат по втор пат после 29 години. Најнеефикасниот резултат на пенали е 2:0.

Клаудио Браво синоќа беше херој во полуфиналето од Купот на Конфедерации откако им ги одбрани сите три пенали на Португалците по регуларните 0:0. За Европскиот првак не реализираа од белата точка Кварезма, Мутињо и Нани, а за Чиле погодија Видал, Арангуз и Санчез.
 
За Кристијано Роналдо немаше ниту можност да шутира, а тоа се должеше на феноменалната вечер на голманот на Манчестер Сити кој два пати им ги прочита пеналите на својата десна и еднаш на лева страна.
„Пеналите не се руски рулет како што мислат многумина. Позади секоја пенал серија се крие многу работа, информации и технологија која овозможува да се скенираат шутерите. Знаев што треба да направам при секој удар, бев премногу мирен. Знаев која е мојата работа“, изјави Браво.

Дека ова не беше случајност доказ се и претходните две финалиња на Чилеанците во Копа Америка кои го добија на пенали и тоа и двете против Аргентина.
 
Изведувањето на три пенал серии е вистинска реткост и се случува само втор пат на големите репрезентативни натпреварувања. Првиот пат се случи во 1988-ма, а актери беа фудбалерите на Иран и Кина. Најнетипичниот резултат на пенали е 2:0 во четвртфиналето од Копа Америка меѓу Парагвај и Бразил на кој имало пет промашувања.

29 јуни 2017 - 09:55