Најголемата надеж на Реал се врати од мртвите

На 21 јануари 2015-та Реал Мадрид плати 3 милиони евра за 16 годишно дете од Норвешка по име Мартин Одегард кој беше претставен со сите можни суперлативи како идна голема фудбалска ѕвезда. Потоа доби посебни привилегии да игра за б тимот на Реал, а да тренира со првиот тим и да зема плата од 80.000 фунти неделно.

Дека играчот од среден ред со офанзивни задачи нема дарба за голови го докажува ланскиот податок од 34 средби и само еден гол. Така покажува и видеово кое па ветува дека во малиов има нешто посебно во играта со топка. Да не ја загубеше силата на крај и да реализираше, ова сигурно ќе беше прогласен за гол на сезоната во третата шпанска лига каде настапува со Реал Мадрид Кастиља.

31 октомври 2016 - 11:48