Најдобрите 10 голови на Тоти во кариерата

Пази, кога од 307 гола треба да одбереш 10 најубави значи дека ќе имаш многу голема ама убава работа.

Сè е спремно за последниот натпревар на Франческо Тоти во единствениот дрес кој го носеше во кариерата - оној на Рома. „Принцот на Рим“ дебитираше за “волчицата“ на 28. март 1993 година на гостувањето во Бреша кога легендарниот Вујадин Бошков го стави во игра.

Тоти има 41 година и утре од 18 часот против Џенова на “Олимпико“ ќе го одигра последниот натпревар во неверојатната кариера во која запиша 875 меча и 307 голови и 58 средби за Италија со девет гола.

Административците на Рома ги одбраа неговите најубави 10 гола кои ќе останат вечни, како и самиот Ческо за чиј последен натпревар картите беа продадени со недели однапред.