Мурињо ќе плати казна од 33.000 евра

По ремито против Саутемптон 1:1 на Стемфорд Бриџ на 28. декември, Мурињо изјави дека против Челси се води „валкана судиска кампања". Фудбалската асоцијација на Англија не му прости.

Дисциплинската комисија на ФА заклучила дека „Специјалниот“ сезонава три пати бил казнет поради однесувањето, а сега треба да плати 35.000 евра поради коментарите по натпреварот со Саутемптон, кога изјави дека пеналот над Фабрегас бил голем како Биг Бен и дека судењето било скандалозно.

„По состанокот на независната регулаторна комисија, г-н Жозе Мурињо е казнет со 25.000 фунти, затоа што ја споменувал ФА и судиите во медиумите. Според правилото Е3, тренерите немаат право да ги коментираат судиските одлуки по натпреварите", стои во соопштението на ФА.

Менаџерот на Челси ја коментираше одлуката на судијата Ентони Тејлор, кој за време на средбата против Саутемптон не досуди пенал врз Цеск Фабрегас по фаулот на Мат Таргет и му даде жолт картон на Шпанецот.

28 јануари 2015 - 14:19