Мурињо не смее да седи ниту во клупскиот автобус

Тренерот на Челси денес нема да може да го води клубот од клупата против Стоук, откако ФА го суспендираше за овој меч поради тоа што два пати одбил да ја напушти соблекувалната на судиите после мечот со Вест Хем минатиот месец.

Жозе Мурињо тешко ја прифати казната од еден натпревар што ќе ја отслужи на денешниот натпревар на Британија Стадионот, каде Челси му гостува на Стоук.
 
Во образложението на одлуката на фудбалската федерација на Англија стои дека Мурињо упорно одбивал да ја напушти соблекувалната за судиите на Аптон Парк по мечот со Вест Хем. Притоа судијата на тој натпревар, Џон Мос изјавил дека Мурињо го нарекол ''fucking weak''.
„Г-дин Мурињо ме праша за лизгачкиот старт на Матиќ, за офсајдот на Фабрегас и за ситуацијата со топката пред гол линијата на Курт Зума. Му одговорив пристојно на секое прашање и го замолив да ја напушти соблекувалната. Тој одби, го замолив пак и повторно одби по што реагираше г-дин Сатон, шефот на обезбедувањето кој го отстрани. Во тој момент Мурињо стана многу агресивен и ме навредуваше. Викаше како ние судиите сме ебени кукавици и дека Арсен Венгер бил во право кога ме критикувал“, напишал во извештајот по мечот од 25. октомври судијата Џон Мос.

Португалецот одби да се жали на казната и стана првиот менаџер кој нема да ја води екипата, после Алан Пардју кој беше суспендиран откако со глава го удри Дејвид Мејлер минатата година. Мурињо не смее ниту да се вози во клупскиот автобус денес. ФА му дозволила телефонски да комуницира со неговите помошници на клупата, Руи Фариа и Стив Холанд.
 
52-годишниот тренер на Челси од 2013-та година до денес плати казни во висина од 141.000 фунти.
„И претходно сум казнуван да не седам на клупата, но ова е стадионска забрана, ми смета во работата. Ќе ме промени казнава, се ќе промени. Димензијата на мојата казна за присуство на стадионот ќе влија врз се“, изјави Мурињо на прес конференцијата.
Со оглед на успесите на Ливерпул под водство на новиот менаџер, Јирген Клоп, Мурињо не остана должен да го пецне Германецот.
„Пред некој ден имав натпревар на кој 90 минути стоев во мојот технички простор. Еден друг менаџер (Јирген Клоп на Челси - Ливерпул 1-3) скокаше како Мајкл Џордан на сите страни и ништо не се случи. Се е различно кога сум јас во прашање. Ова е порака до мене, моќниците на играта ми праќаат порака“, констатираше Мурињо.
Натпреварот Стоук Сити - Челси се игра во сабота од 18:30 часот.
7 ноември 2015 - 11:05