Младата ѕвезда на Реал почна да изводи

Норвешкиот тинејџер доби посебен третман на Бернабеу и сега не може да поднесе ниту да седи на клупа.

Мартин Одегард не добил шанса за настап на последните четири натпревари за Б тимот на Реал предводен од Зидан, со образложение дека не се прилагодил на играта, а без него тимот врзал четири победи но низа.

16 годишниот Мартин сега одбива да тренира со резервниот тим, а шпанскиот весник АС го опишува како разгалено детиште. Тој заедно со татко му кој доби работа како тренер на младинската школа во Реал се повикуваат на клаузулата од договорот каде стои клубот мора да му овозможи 5 тренинзи неделно со првиот тим.

Но ставот на Реал Мадрид е дека Одегард и неговиот татко мора да сфатат дека тактичките промени и советите на стручните лица во тимот се за доброто на тинејџерот и неговиот развој како фудбалер.

Реал Мадрид плати 3 милиони евра за трансферот на талентот кој на 16 години добива по 80.000 фунти неделна плата.

Кога пристигна во Мадрид, Зидан лично го прошета на тренинг центарот, на тренинг дојде да го посети Флорентино Перез, а тој разговараше и со Кристијано Роналдо кој му рече дека во иднина тој треба да биде голгетерот на Реал.

Одегард стана најмладиот играч во историјата на едни квалификации за ЕП, кога влезе од клупата на дуелот Норвешка - Бугарија 2:1.

8 април 2015 - 14:29