Милан и Интер во историска криза

Откако победата вреди три бода, црвено и сино црните никогаш не биле вака лошо пласирани на табелата, како што се во моментов. Заедно имаат 52 бода, само три повеќе од Јувентус сам.

„Милан и Интер треба да се обединат и фузираат", изјави еднаш Мино Рајола, познатиот фудбалски агент, кој ја потресе миланската јавност. По него, иста идеја даде и Ернесто Паолило, член на управата на Интер и навивачите почнаа да сомневаат дека нешто се крие зад сцената.
За жал (или за среќа), Милан и Интер и натаму се два различни клуба, кои сезонава имаат иста судбина и очајна сезона.

Заедно во 2014/2015 Интер и Милан собраа вкупно 52 поени или само 3 повеќе од Јувентус. Интер е десетти, Милан единаесетти, а ваква состојба во првенството миланските клубови немале повеќе од 20 години.

Бодовите на Милан и Интер после 20. коло во последните 20. години

Сигурно дека низ историјата имале тешки периоди, слични на сезонава. Милан лани беше полош, кога под водство на Кларенс Сидорф освоија само 25 бодови на 20 натпревари. Инзаги не може да има полош учинок од тој на Милан минатата сезона, но е близу до тоа. Од друга страна, не дека Интер блескаше со Мацари, напротив, но со неговите 32 бодови во ова време лани Интер едвај се држеше над негативниот рекорд.

Во последните години, по ерата на Мурињо, Интер е во слободен пат. Во моментов Интер има 20 бодови помалку од истиот период во 2010. година.

Место на табелата после 20. коло во последните 20. години

Милан и Интер само еднаш имале исто бодови во овој момент од сезоната, во 2000/2001 кога Интер го водеа Липи и Тардели, а Милан Навиљо, Ѕакерони и Чезаре Малдини. Тогаш по 20 кола имаа по 28 бодови, а сите го паметат дербито кое Милан го доби 6:0, на 11. мај 2000. година. Тогаш Интер заврши петти, Милан шести и се пласираа во Купот на УЕФА. Никој од нив не очекуваше дека 2015. може да биде најлоша во последните две децении.

Следниот викенд, Интер му гостува на Сасуоло во недела од 12:30, а Милан во 20:45 ја пречекува Парма.