Маркос Рохо и фитнес инструкторката

Откако се откри дека Аргентинецот се обидел со адвокатскиот тим да ја поткупи девојката да не објавува ништо за нивната средба, целата приказна доби судски епилог, во кој подебелиот крај го извади Маркос Рохо.

Таа нема да биде ни прва, ни последна чие име се поврзува со ѕвездите од Премиер лигата и ги полни насловните страни. Кога Сара Вотсон се нашла во друштво на богати фудбалери кои пијат скапоцен алкохол, не претпоставувала што може да ја снајде.

На Божиќната забава на 15. декември лани, фудбалерите на Манчестер Јунајтед по традиција излегуваат без своите сопруги и девојки. Така било и годинава, кога се собрале во еден клуб во Манчестер. На убавата фитнес инструктора око ѝ фрлил дефанзивецот Маркос Рохо, кој успеал (според судскиот извештај) да ја договори да дојде кај негов пријател во стан, а Сара Вотсон воопшто не знаела дека бекот е оженет, има дете и е помлад девет години од неа.

Извесно време по нивната средба, Сара Вотсон добила понуди од неколку медиуми, за одредена сума да го раскаже целиот настан. Свесен што може да го снајде, Рохо веднаш го ангажирал својот адвокатски тим и се обидел да ја „оцрни“ инструкторката дека го уценувала за да му извлече пари.

Целиот случај доби епилог на суд, каде судијата Џастис Варби пресудил дека фудбалерот нема докази за твоето тврдење и дека е виновен што се обидел да ја поткупи, за таа да не зборува за медиумите. На крајот, судот пресудил дека Рохо треба да ѝ плати 35.000 фунти на фитнес инструкторката, која во меѓувреме добро ја наплатила и својата исповед за Дејли Мејл.

Во 2011 година, на сличен начин фамилија ќе растуреше Рајан Гигс.

7 април 2015 - 10:48