Марио Ѓуровски прави растур систем

Дали имал ставка во договорот дека не може да патува дома за пријателски и наводно поради тоа не игра за репрезентација не нè интересира. Едноставно Марио Ѓуровски мора повторно да го видиме во националниот дрес. Во новиот триумф Бангкок Јунајтед кој славеше 3:0 против БЕЦ Теро, нашиот повторно беше двоен стрелец, а вториот гол му е боли глава. 

Прво мора да го видите вториот гол

На 4.28 му е првиот гол, а на 4:53 потег со петица

Пред нешто повеќе од еден месец беше двоен стрелец со два идентички голчишта. 

28 април 2016 - 11:28