Манчестер - Ајакс: 315 vs 19 милиони еврa

Кога ја гледате вредноста на вечерашните финалисти во Лига Европа ќе помислите дека се среќаваат европски гигант против анонимен клуб кој едвај врзува крај со крај. Првото е точно, второто не. Оваа споредба во пари не веруваме дека го прави мечот помалку неизвесен и неинтересен за гледање.

Манчестер Јунајтед и Ајакс за прв во историјата се среќаваат во финале во Лига Европа. Ваква средба немале можност да одиграат во минатото бидејќи за Црвените ѓаволи ова е прва финална средба во второто по ранг клупско европско натпреварување.
 
Овие две екипи имаат солиден беграунд во Европа. Ајакс на тоа поле е поуспешен со 8 меѓународни трофеи наспроти 5 на Јунајтед.
 
Вредноста на нивните актуелни екипи е неспоредлива. Манчестер Јунајтед е поскап дури 16 пати од Ајакс, а тоа најмногу се должи на тоа што холандскиот тим веќе со години спроведува политика на ангажирање играчи од сопствената академија.
 
Финансиската моќ на Манчестер е многу поголема и тие го држат рекордниот трансфер во историјата на фудбалот. Најскапиот играч на Ајакс, Хаким Зиех е поскап од само еден еден фудбалер на Манчестер, а тоа е Крис Смолинг. Ваки изгледаат тие бројки:

Трофејната сала со меѓународни трофеи им изгледа вака:
 
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Европски Куп/Лига на шампиони: 1968, 1999, 2008
Куп на победниците на Куповите: 1991
Супер Куп на Европа: 1991
 
АЈАКС
Европски Куп/Лига на шампиони: 1971, 1972, 1973, 1995
Куп на победниците на Куповите: 1987
Куп на УЕФА: 1992
Супер Куп на Европа: 1973, 1995
 
Сите голови на Манчестер Јунајтед во финалињата

Головите на Ајакс

24 мај 2017 - 13:59