Македонија не ги издржа 15-те минути во Скадар

По два дена фудбал, македонската фудбалска репрезентација се враќа поразена од Албанија. Третото полувреме од мечот против дебитантот на Европските првенства ова лето траеше кусо и кобно по голот на Захов.

Откако синоќа удри силно невреме во Скадар по кое беше невозможно да се игра фудбал, селекциите на Албанија и Македонија денеска ги одиграа преостанатите 15 минути од синоќешната средба која беше прекината во 75-та минута.

Избраниците на Игор Ангеловски требаше само 15 минути да ги стегнат играта и концентрацијата за да ги сочуваат оние 1:1 од вчера и со позитивен старт да го стартуваат квалификацискиот циклус за Светското првенство во Русија 2018.

Но по кој знае кој пат одбраната која никако да мине без кикс, го остави сам Беким Балај кој по еден центар шут само ја цивна топката со глава и во 89-та минута и донесе победа на Албанија.

Македонија имаше 100% шанса во финишот за да израмни, но од карамболот пред голот на Бериша никој од нашите играчи не успеа да профитира. Македонската фудбалска репрезентација испушти златна шанса со позитивен резултат да ги почне овие квалификации.

Следните два дуели ги играме на домашен терен во октомври. На 6-ти доаѓа Израел, а на 9-ти Италија.

Босанецот си фати пари.