Лажни очи на Роналдињо, лоб на Торес, пенал за Игита

Атлетико Мадрид одигра егзибиционен натпревар против збирштина на неколку легендарни фудбалери. Акциите одеа бавно бидејќи некој се појави со пивски стомак, а друг со коса снешко белич. Како и да е, фино е да се ѕирне оваа голеада во која некои работи се по старо, како на пример асистенцијата на Роналдињо и голот на легендарниот голман Рене Игита.