Колку ќе заработи Јувентус од Лига на шампиони

На страна спортскиот аспект, најелитното клупско европско натпреварување носи и сериозни пари кои постојано растат. Јувентус за разлика од минатата сезона во ЛШ ќе заработи околу 40 милиони евра повеќе.

Актуелниот шампион на Италија ќе игра второ финале во последните три години во Лигата на шампионите. Солзи од радост за навивачите, триење раце за клубот во кој ќе легнат вкупно 127 милиони евра за сезоната 2016/2017.

Касата ќе им се наполни на следниот начин:

- 58,5 милиони евра од телевизиските права

- 12,7 милиони од пласманот во групна фаза

- 7 милиони за премии од самите натпревари (4 победи и 2 нерешени)

- 6 милиони за пласманот во осминафинале

- 6,5 милиони за влез во четвртфинале

- 7,5 за полуфинале

- 11 милиони за финале кои ќе станат 15,5 ако го подигнат пехарот.

До тука ќарот им изнесува 109 милиони кои во случај на победа во финале ќе станат 113,7. Кога на ова ќе се додаде заработката од продажбата на картите од шесте меча на домашен терен тоа се уште плус 17 милиони, како и 1 милион од нивниот главен спонзор Jeep за пласманот во четвртфинале.

На тој начин Јувентус стигнува до фантастични 127 милиони евра или 42 милиони повеќе за разлика од минатата сезона кога заработија вкупно 85 милиони евра од ЛШ.

Патот до Кардиф не е само престиж и евентуално нов трофеј вкупно трети во историјата на Јувентус, туку доста добра финансиска инјекција за пред стартот на новиот летен рок за трансфери.

10 мај 2017 - 14:25