Колку чини детето да ви биде маскота во Премиер лига?

22-та играчи, секое коло во Англија на терен излегуваат со 22 деца за рака. Се ракуваат со идолите, се сликаат, добиваат дресови. Повеќе од половина англиски клубови од тоа прават бизнис.

11 клубови од Премиер лигата, од кои повеќето играле и во втора лига во последните 10 години, наплаќаат за децата да бидат маскоти на колото во нивните екипи.

Пакетите вклучуваат гостински места за следење на мечот, топки со автограм, слики од денот, дресови и други бенефиции, а за тоа постојат долги листи на чекање. Некои од клубовите како Свонси и Стоук тоа го сметаат како одлично потрошени пари.

За едно дете да го доживее тој ден КПР и Свонси наплаќаат по 450 фунти, Тотенхем од 250 до 400, Кристал Палас од 150 до 425, Стоук од 330 до 390, Њукасл нуди групни пакети на кои цената варира од 3.000 до 4.000 фунти.

Најевтиниот пакет со ова задоволства го нуди Лестер за 150 фунти, а најскапо на децата им наплаќа Вест Хем каде цената достигнува до 600 фунти.

Министерот за спорт во Англија смета дека тука нема рамноправност за сите деца.

„Чудно е клубовите кои заработуваат толку многу пари од ТВ правата да не ги примаат посиромашните деца. Наплаќањето значи дека одредена класа на деца чии родители не можат да си дозволат да им платат, нема да може никогаш да му бидат маскота на својот омилен клуб, а тоа не е фер“, смета Клив Ефорд.

Некои клубови како Тотенхем, КПР и Њукасл имаат бесплатни пакети за одредени натпреварувања и хуманитарни мечеви, а Арсенал, Астон Вила, Челзи, Евертон, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Саутемптон и Сандерленд не наплаќаат воопшто.

„450 фунти за да се биде маскота на КПР? Сметаме дека е многу подобро ако клубот ги повика децата од локалните училишта со што ќе ги доближи повеќе до нив“, изјави водачот на навивачите на КПР.

18 декември 2014 - 17:45