Колективно лудило во Москва за шампионската титула

Спартак Москва е најтрофеен клуб во Русија со вкупно 22 титули, a во периодот од 1992-ра до 2001-та беа неприкосновени со 9 од можни 10, но потоа се изначекаа за ново славје кое може да се прогласи за најјако, најорганизирано и најоткачено за 2017-та.

Кога ја гледа човек прославата за шампионската титула на Спартак Москва ќе помисли дека ја освојуваат за прв пат во 100 години, но таа им е 22-ра. Дали им е надрага или не, не знаеме, но таа сигурно е една од најлудо прославената што сме ја виделе.

Сите одлепија од најстаро до најмладо, од играчи, тренери, физиотерапевти до магационери. Спартак Москва е шампион во Русија по пауза од 16 години. Титулата се славеше како никогаш и никаде, како да не ќе нема утре.

Одиме со ред.

Ова се коеографиите, значи не една, туку повеќе што е реткост на еден фудбалски натпревар.

Славјето на титулата преку фотографии

Нема огради, нема обезбедување, која мајка загубила дете нека го бара на Откритие арената каде имаше инвазија од навивачи на терен кои се пентареа на стативите и сечека од мрежата.

Оркестар и навивачка атмосфера пред мечот

Прославата на терен

Кулминацијата е во диско. Ја има и „Ај сечи Перо“

Што ли ќе прават Русиве ако освојат Лига на шампиони?

Инаку поради голот на Тричко Спартак Москва го смени тренерот и го назначи Масимо Карера кој беше асистент тренер на Јувентус и Италија.

18 мај 2017 - 10:50