Колекционерот кој во својот стан има 7.537 бејзбол топчиња

Има 36 години, по професија е писател, не го бивало да направи кариера во бејзболот, но успеал да им ги собере сите топчиња и сега пишува книги со инструкции како го правел тоа.

Зак Хемпел е најпознатиот гледач на бејзбол терените во САД каде го познаваат играчите, редарите и гледачите, а поради своето хоби постојано го ловат и камерите на ESPN, CBS, NBC, FOX, CNN.

За 24 години, дечкото успеал да собере 7,537 бејзбол топчиња од 51 различен стадион во американската бејзбол лига.

„Не бев баш добар за да стана играч по бејзбол, но станав најдобар собирач на топки во публика. Кога лета топчето јас не го гледам, туку трчам и го барам вистинскиот пат како да дојдам до него пред да го земе некој друг“, вели Зак.

Првото топче колекционерот го фатил на 20 јуни 1990 година на Шеи стадионот во Њујорк, а рекордот на еден меч го направил на 14 септември 2011 година, кога на стадионот Грејт Американ Бол Парк успеал да фати 36 топчиња.

Најдобриот колекционер на бејзбол топчиња има напишано три книги за овој спорт. Првата му се вика How to Snag Major League Baseballs, додека втората Watching Baseball Smarter била осмата најпродавана спортска книга во Америка.

Зак уредно си ги чува топчињата во својот стан во Менхетн, а на 12 мај 2011 година стигнал до јубилејната бројка од 5.000 комада.

Најголемиот подвиг го направи пред две години кога успеа да фати топче од хеликоптер кое паѓаше од 305 метри, а тој го чекаше со заштитна кацига.

Целта на Зак е да стигна до 10.000 топчиња, а сега пресметал дека за 24 години потрошил околу 100.000 долари за влезници на стадион.

13 август 2014 - 11:22