Кој колку чека за титула

Имаме интересни и едноставни табели со историја околу освојувањето и неосвојувањето на титулите во топ 5 европските лиги. Според овие податоци навивачите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен и Сент Етјен имаат најмногу право да се удараат у груди. Изненадување? Џенова има ист број на освоени Скудета колку Лацио, Рома, Наполи и Фиорентина заедно.

Последната титула на Реал Мадрид, сезона 2011/2012

Лестер лани испиша историја, Челси има најголеми шанси за славје, а Манчестер Јунајтед и Ливерпул заедно тежат 38 титули во Премиер лигата. Од актуелните прволигаши 9 клубови не знаат што е тоа титула, а ако има жив навивач на ВБА со 96 години се гордее со годината во која е роден.

Реал Мадрид 32, Барселона 24 или во превод недостижни бројки. 11 шпански екипи од прва лига никогаш не освоиле титула, а Реал Бетис чека 81 година.

Со 5 по ред и големи шанси за историска 6-та, Јувентус води дрско со 32 титули во Серија А. Милано може да им парира, ама со здружени сили. Тимот каде игра Пандев има 9, ама последната му е од Дедо Ное. 8 екипи се без Скудето.

Баерн и само Баерн, друг никој нема двоцифрен број на титули. Борусија Дортмунд, Шалке и Борусија Менхенгладбах заедно имаат 22 или 4 помалку од Баварците. 8 екипи немаат ниту една, а најдолго чека Херта.

Можеби звучи изненадувачки, но рекордер по број на титули во Франција не е ПСЖ или Лион, туку Сент Етјен кој на времето беше најсилен. Велиме на времето бидејќи веќе 35 години се нема израдувано. 10 екипи од Франција се без титула, а Ница има тешка битка со конкурентите за да го прекине 57 годишниот пост.

24 јануари 2017 - 14:57