Кој го брка турскиот тренер од Штип?

По инцидентот пред неколку седмици кога поранешните претседател и потпретседател на Брегалница го пресретнале со кола додека се враќал од Кочани кон Штип и физички го нападнале, турскиот тренер на Брегалница сега повторно се соочува со нови закани.

Штипска Брегалница во моментов после 10 одиграни кола има 7 освоени бода и се наоѓа на претпоследното место на табелата кое води во втора лига. Штипјани имаат 1 победа 4 нерешени и 5 порази.

Тренерот Јуксал Јесилова кој пред повеќе од два месеци дојде да ја води Брегалница веќе имал неколку непријатни епизоди во Штип. Вели дека одредени лица постојано му се закануваат и го присилуваат да ја напушти Брегалница, но тој е решен да остане и да продолжи да работи со фудбалерите.

Брегалница денес ќе ги разгледува понудите за целосна продажба на 100% од акциите на клубот после што ќе се знае новиот сопственик на тимот од Штип, град кој според традицијата секако заслужува прволигашки фудбал.

Јуксел Јесилова од Турција е искусен тренер кој во својата земја водел неколку клубови, а подоцна бил помошен тренер во романските Петролул, Динамо Букурешт и Астра Плоешти. Тренерскиот занает го учел и во богатите руски клубови Мордовија, Анжи и Кубан Краснодар.

Виа: Телма