Фудбалско подземје

Кои второлигаши се најблизу до прва лига

Европската фудбалска сезона се ближи до крајот. Ако во елитните шампионати на Стариот континент знаеме се што се случува, да ја видиме ситуацијата во вторите лиги.

Земја: Англија
Лига: Чемпионшип
Во Премиер влегуваат: 2+1 (плејоф од четири екипи)

Ако на стартот на минатата сезона некој ви кажал дека тренерот на Реал Мадрид ќе работи во втората англиска лига, сигурно ќе сте се насмееле.

Пред една година, Рафаел Бенитез дојде да го спаси Њукасл од испаѓање, но потона заедно со нив. Кај Рафа оддеднаш почнаа да играат тие кои претходно не се покажаа баш, а лидер на тимот неочекувано стана Џонџо Шелви - човек кој до лани сите го кривеа за неволјите на клубот.

Главен конкурент на Бенитез сезонава е Ирецот Кристофер Хјтуон, менаџерот на „галебите“ од Брајтон кои летаат заедно со „страчките“ од Њукасл.

Овие клубови немаат проблем ниту со парите, ниту со раководството и просто само ги чекаат во елитата како прв и втор од Чемпионшип.

Што се однесува до плејофот, таму сезонава ќе биде пеколно. Во моментов најблизу до разигрувањето се Хадерсфилд Таун и Лидс а тоа значи дека можно е да не очекува големо дерби на Западен Јоркшир.

Скоро извесно во плејофот ќе се најде и Рединг, како и минатогодишниот финалист на баражот Шефилд Венздеј. Добра прилика да се врати во Премиер би можел да има и Фулам кој конкурира за место во доигрувањата.

Земја: Италија
Лига: Серија Б
Во Серија А одат: 2+1 (бараж од шест тима)

Главна сензанција на италијанското „подземје“ е воскреснатиот СПАЛ. Минатиот февруари 2016, после цели 24 години се пробија во Серија Б.

После 30 кола во втората лига, „бело-сините“ се лидери во Серија Б. Успесите на СПАЛ се поврзуваат со тренерскиот фактор: Леонардо Семпличи вовел строга тактичка игра а и покрај распродажбата на главните играчи зимово, „Спалините“ ја продолжуваат двомесечната серија без пораз.

Главен конкурент им е Верона. По банкротот и испаѓањето од Серија А, „Мастифитe“ сега се готови да се вратат во елитата. Лидер на Верона е Џампаоло Пацини, екс-играчот на Милан кој ја реанимираше кариерата во Серија Б и сега е најдобар стрелец во лигата со 19 гола.

Во моментов Верона е трета со 54 бода, а пред неа се Фрозиноне и СПАЛ со 56 односно 58 бода. До крајот има уште 10 кола. Во битка за последното место кое преку баражот носи во елитата најактивни се Бари и Беневенто.

„Канаринците“ од Фрозиноне веќе играа во Серија А, а „Петлите“ од Бари се рекордери по последни места во првата лига. Не смее да се потценат ниту „Вештерките“ од Беневенто и тренерот Марко Барони.

Земја: Шпанија
Лига: Сегунда
Во Примера влегуваат: 2+1 (бараж од четири тима)

Минатата сезона за Леванте беше кошмарна: имаа најлоша гол разлика, најмногу примени голови и завршија последни поради што испаднаа во Сегунда.

Но „жабите“ брзо се опоравија од ударот и после две третини од сезоната Леванте е неприкосновен лидер на табелата во Сегунда. Тешко дека некој ќе го сопре вториот клуб од Валенсија, а бандата на Муниз сигурно следната сезона ќе може да му и ја симне круната на Валенсија како „крал“ на истоимениот град.

Историјата на Жирона многу се разликува од онаа на Леванте. Педесетина години Жирона играла во ниските лиги, а со појавата на новиот сопственик тргнал и подемот до врвот. Неколку години по ред Жирона беше близу пласман во Примера, но секој пат нешто им недостасуваше.

Во моментов Леванте е прв со 68 бода, Жирона има 58 и се речиси сигурни патници во Примера. Ако тие веќе со една нога се во елитата, за третата карта за Ла Лига ќе се води права битка.

Кадиз, Реал Овиедо, Хетафе и Тенерифе се отприлика на исто ниво, но храбриот и амбициозен Кадиз е фаворит во баражот. Но таму има уште 11 кола да се игра, така што ништо чудно и Ваљадолид да вмеша прсти.

Земја: Германија
Лига : 2 Бундеслига
Во 1 Бундеслига влегуваат: 2+1 (бараж со 16-от од Бундес)

Откако испадна минатата сезона, Штутгарт направи се за брзо да се врати каде што му е место: најде нов талентиран тренер Ханес Волф, купи добри играчи и тргна курсот за кам-бек. Во моментов се втори со мала предност во однос на третиот Брауншвајг.

За Штутгарт игра најдобриот стрелец во моментов во 2. Бундеслига Симон Тероде. Неговите голови ги носат „Швабите“ во Бундеслига. Лидер во втората германска лига во моментов е Унион Берлин кој запиша дури шест победи по ред а во борба за место кое води во елитата е и Хановер.

Берлинците во последните сезони беа близу пласман во Бундес но на крај ја упрскуваа својата шанса. Хановер ја игра првата сезона во втората лига на Германија и нема да одстапи од брзо враќање. Унион им бега четири бода на Хановерците.

Интересно е што речиси цела полусезона лидер на втората Бундеслига беше Ајнтрахт Брауншвајг а од 15. коло Штутгарт ги тргна од тронот. Од тој момент Брауншвајг игра топло-ладно и до крај ќе се бори за место во баражот. До крајот има уште девет кола.

Земја: Франција
Лига: Лига2
Во Лига1 влегуваат: 2+1 (бараж со 18-та екипа од Лига1)

После две години во втората, трофејниот Ленс наскоро би можел да се врати во Лига1. „Црвено-жолтите“ го имаат најјакиот напад во втора лига: Кевин Форчун, Кристијан Сантамариа и англискиот полушпиц Џон Босток. Ова трио постигна 21 гол со 8 асистенции.

Голгетер е и стоперот Душан Цветиновиќ кој има 4 гола сезонава.

Сериозен конкурент за Лига1 е и Реим, ефикасна екипа во која 13 играчи дадоа 33 гола. Главна надеж е младиот талент од Гана Греџон Кје кој одигра 984 минути и на 29 меча постигна 6 гола.

За пласман во баражот сериозно конкурираат уште и Брест, Стразбур, Ним, Амиен и Троа. Разликата меѓу првиот и осмиот на табелата е 9 бода а до крајот има уште 8 кола.