Како Симеоне го мотивирал Гризман

Ако во убавиот и мирен Сан Себастијан му било дозволено од диско да дојде на утрински тренинг, во Атлетико Мадрид се случувало Чоло Симеоне да го пушта под камен студен туш после тренинг на кој не се залагал доволно.

Антуан Гризман денес е лидер на шпанската клупска фудбалска опозиција. Млад е, дрзок е, во налет е. Притоа игра за клуб кој сериозно може да смета на првото место, а би се задоволил со третото. Гризман е омилен не само во Атлетико, туку и кај сите љубители на алтернативата на двајцата големци во Ла Лига.
 
Францускиот напаѓач порасна во очите на јавноста во последните година дена. Диего Симеоне точно знае кога се смени сè - во декември 2014. година. Гризман на почетокот мачно се прилагодуваше во новиот клуб, но оддеднаш доби нови задачи. Симеоне му даде поголема слобода на теренот и поинаков пристап на тренинзите.
 
Гризман не беше примабалерина како во Сан Себастијан, но полека влегуваше во ритам со другите. На Гризман му било тешко растењето во денешниот Атлетико, затоа што не можел да си приушти да оди во дискотека, без изговор да ги одмине новинарите или навивачите кои го провоцираат како што беше случај во Сосиедад.

Од сите неозбилности во однесувањето, дозволено му е само да ја остави својата екстравагантна фризура (и тука веќе се упристои) и шорцевите со ликот на Сунѓер Боб. До декември предминатата година постигнуваше гол на 3,6 натпревари во просек. Во 2015-та оваа бројка стигна до гол на секој 1,6 натпревари во просек.

После Сосиедад, Гризман се чуствуваше непријатно дури и на родната позиција лево крило, а сега е спремен да игра на било која позиција во нападот во било која формација. Освен тоа, кога Симеоне сфатил дека напаѓачот се вклопил во секоја варијанта, решил да ја смени формацијата за максимално да го искористи потенцијалот на францускиот репрезентативец.

Аргентинецот има едноставна филозофија - во играта се вклопува само напаѓач кој се труди. Успешни примери за тоа има многу, од Диего Коста, па денес до Гризман. Или неуспешни, како страшно најавуваниот Џексон Мартинез кој не се залагаше и заврши во Кина, или Лучано Вието и Анхел Кореа.

Камен темелникот во филозофијата на генерал Чоло е мантрата која што ја слушал Гризман: „Лично ти не се постигнал ништо, никој не те почитува овде, не се трудиш и немаш напредок." Со овие зборови како да му удрил во суетата на центарфорот кој после секое туширање по тренинзите сфаќал дека мора да проработи на себе.

На почетокот на сезонава, Гризман неколку пати после 90-минутен фудбал изјвавуваше дека не можел да дише после 10-20 минути бркање противнички играчи. Мотивационото пумпање било успешно, затоа што Гризман сега знае зошто стана стандарден француски репрезентативец и зошто го сфаќаат за сериозно.

Како дете, суптилниот Гризман бил одбиен од неколку престижни фудбалски академии во Франција поради што морал да оди во соседна Баскија каде немало голем притисок.

Мотивацијата Гризман сезонава ја сфатил буквално: Во сите натпреварувања даде 30 голови за Атлетико и е најдобар стрелец на екипата. Тајната на успехот на Антуан лежи во фактот дека тој правилно ги прави основните работи: Во потполност слуша што ќе му каже тренерот и игра фудбал.

Статистиката на Антуан Гризман:
2009-2014: Реал Сосиедад 201 настап (52 голови)
2014-Атлетико Мадрид 98 настапи (54 голови)
2014-Франција 26 настапи (7 голови)

Дури и кога тоа изискува редовна грубост, пресија, враќање на топката назад, Гризман е активно уклучен во борбата за топката. Во школата на Атлетико техничкиот талент не е одвоен од физичкото образување.

И ако минатата година го сметаа за трета сила во шпанскиот фудбал (Бетмен, Супермен и Гризман), во 2016-та работите се менуваат.