Како се мотивираат кога знаат дека на Руни му даваат 300.000 фунти неделно?

Англија ја има најскапата фудбалска лига во светот каде минатата сезона последно пласираниот тим само од тв права заработи 74 милиони евра. Тоа делува депремирачки за нисколигашите.

Торки Јунајтед е дел од Конференција Премиер, која по ранг се води како петта англиска лига. Оваа екипа во моментов се наоѓа на 15. позиција, а за тие што детално го листаат билтенот во кладилница можеби ја знаат, но не знаат дека просечна плата на играчите им е 375 фунти неделно.

Со примањата на нивните колеги од елитата тоа не е за споредување. Вејн Руни на пример на сметка неделно добива по 300.000 фунти неделно, а неговиот соиграч Фалкао 260.000. Сите фудбалери на Торки треба да играат заедно 57 години за да заработат колку нив.

Клубот во 2015-та година има само три победи, а нивната мотивација очигледно дека е поврзана со парите, бидејќи тоа го потенцираше и нивниот тренер по последниот пораз од 5:1 на домашен терен.

Мислам дека момците високиот пораз пред своја публика го поднесоа доста добро. Ние сме млада екипа, а и разликата во плати е превисока во Англија“, изјави Крис Харгривс.

Споредено со просечната плата во Англија, фудбалерите на Торки заработуваат 100 фунти помалку, а некои од играчите кои си заминаа оваа сезона се фатија за друга работа. Еден од нив го батали фудбалот и се вработи во салон за автомобили.

Да бидеш фудбалер на островот во петта лига и да се потиш за нешто повеќе од 1.500 фунти месечно сигурно е фрустирачки ако знаеш дека екипите од прва лига минатата сезона поделија над 3,3 милијарди фунти од тв права. Само Кардиф како последен на табела од тие пари зема 74 милиони фунти.

28 март 2015 - 20:09