Како се движеа трансферите во 80-те

И во тоа време најскапите трансфери изнесувале во милиони, но со таа разлика што најскапиот играч тогаш чинел 10 пати помалку од најскапиот во денешно време. Трансферите ги одбележале Марадона, Баџо, Гулит, Клинсман, но ниту еден од нив не бил најскап.

1980 – Бернд Шустер (од Келн во Барселона за 1,9 милиони евра)

По европската титула со Германија Запад на ЕП 1980, Шустер го напушти Келн и замина во Барселона. Потоа во 1988 година замина во големиот ривал Реал Мадрид каде освои еднаш Ла Лига, 3 пати Копа дел Реј, 3 пати Лига Куп и по еден Куп на Купови и Супер Куп на Шпанија. Најмногу жали за финалето од ЛШ кое го загуби од Стеауа Букурешт во 1986-та.

1981 – Марк Лавренсон (Од Брајтон во Ливерпул за 1,85 милиони евра)

Се работи за централен квалитетен дефанзивец кој тогаш на 24 години направи трансфер на „Енфилд Роуд“ и се наполни со трофеи. 5 првенствени титули, 3 Лига Купови, 2 Черити Шилд и еден ФА Куп. Најважниот трофеј му беше оној во ЛШ во 1984-та и тоа проти Рома на Олимпико во Рим.

1982 – Диего Марадона (Од Бока во Барселона за 8 милиони евра)

Тогаш 21 годишниот Марадона по Европското во Шпанија 82-ра, направи трансфер во Барселона, но блескавата кариера не ја направи во Камп Ноу каде освои само 3 трофеи, Ла Лига, Куп и Супер Куп на Шпанија.

1983 – Валтер Шахнер (Од Чезена во Торино за 1,5 милиони евра)

По две сезони во Чезена со 17 гола на контото, 26 годишниот австриски напаѓач замина во Торино каде по три сезони по ред постигна по 18 гола, а стана и најдобар стрелец во Куп на Италија.

1984 – Диего Марадона (Од Барселона во Наполи за 6,5 милиони евра)

На 5 јули 1984 почна да се остварува сонот на Наполитанците. Марадона беше претставен на Сан Паоло пред 80.000 луѓе, а Марадона одигра 259 меча, постигна 116 гола и освои 2 Скудета, Куп на Италија, Супер Куп на Италија и Куп на УЕФА.

1985 – Роберто Баџо (Од Виченца во Фиорентина за 1,3 милиони евра)

Виченца за тоа време заработи убави пари на 18 годишниот Роберто Баџо, а две дена пред трансферот големиот талент се здоби со тешка повреда на коленото. Раководството на Фиорентина не се откажа од него и покрај тоа што влезе дебитираше во Серија А на 21 септември 1986-та против Сампдорија.

1986 – Роберто Донадони (од Аталанта во Милан за 5 милиони евра)

Првиот личен избор на Берлускони бил трансферот на Донадони од Аталанта. За неговиот избор и нема потреба да се коментира. Стана незаменлив десен бек на Милан и освои 6 Скудета, 3 пати беше првак на Европа, 2 Интерконтинентални Купови, 3 Супер Купови на Европа и 4 италијански Купови.

1987 – Руд Гулит (Од ПСВ во Милан за скоро 7 милиони евра)

И за него е многу добро позната историјата во Милан. Гулит ја освои Златната топка во 1988-ма, освои 12 трофеи и стана еден од омилените играчи кај навивачите. Гулит одигра 171 меч и постигна 56 гол, а потоа во 1993-ра замина во Сампдорија.

1988 – Лајос Детари (Од Ајнтрахт Франкфурт во Олимпијакос за 9 милиони евра)

Голем и неочекуван трансфер во летото 88-ма се случи во Грција каде во Олимпијакос заигра унгарскиот напаѓач Детари. Но освои само еден Куп и потоа направи трансфер во Болоња за 2,5 милиони евра.

1989 – Јирген Клинсман (Од Штутгарт во Интер за 1,5 милиони евра)

Откако беше прогласен за играч на сезоната во Германија и играше во финалето од Купот на УЕФА против Марадона, Клинсман замина во Интер и им се придружи на своите репрезентативни колеги Бремен и Матеус. Клинсман освои Куп на УЕФА и италијанси Супер Куп, а на СП Италија 1990 стана Светски првак.