Како Путин го натерал Венгер да плати двојно повеќе за Аршавин

Влијанието на рускиот претседател Владимир Путин лежи зад приказната со трансферот на Аршавин во Арсенал кој за Русинот морал да плати 15 милиони фунти, двојно повеќе отколку што бил спремен да плати.

Зенит од Санкт Петерсбург е омилениот клуб уште од младоста на Владимир Владимирович Путин. Овој клуб долги години е предводен од државниот енергетски ѕвер Газпром кој директно одговара за работата кај претседателот на државата.

Поради влијанието на Путин врз Газпром, Русите одбивале да најдат компромис за цената на трансферот на Аршавин и покрај настојувањето на Арсен Венгер дека со негово лично учество во преговорите, би можел да го омекне ставот на Путин.

Три месечните мачни преговори за обезбедување на потписот на Аршавин (во тоа време најдобар руски фудбалер) тргнале на добар пат откако во нив се вмешал и милијардерот Алишер Усманов, акционер и еден од сопствениците на Арсенал, роден во Узбекистан.

Како што открива новата автобиографија на агентот Џон Смит „The Deal“, Усманов морал преку своите руски врски да го среди трансферот, но без притоа да знаат луѓето од хиерархијата на Арсенал кои не сакале да слушнат за побараната сума - двојно поскапо од она што го нуделе.

Смит го опишува договорот и открива дека Венгер бил длабоко инволвиран во курсот на секој трансфер.

„Арсен беше инволвиран во секој чекор. Секој разговор со Арсенал се базираше околу тоа како Венгер се чуствува и како размислува“, опишува Смит во автобиографијата пишувана заедно со новинарот на London Evening Standard, Џејмс Олеј.

Францускиот тренер во меѓувреме предложил да одиграат пријателслка со Зенит во пред-сезоната во рамки на Емирејтс Купот. Тој натпревар требал да го олесни трансферот за околу 500.000 илјади фунти.

За време не сложените преговори, извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис бил штотуку дојден во клубот. Недели претходно требал да влезе во Манчестер Сити.

Кога Смит започнал преговори со менаџерот на Аршавин Денис Лачер, во преговорите се вклучил и Кен Фриар, менаџмент директор на „Топџиите“. Во целата збрка околу тоа кој има  право да преговара, кормилото го презел Алишер Усманов кој дискретно се договорил со потпретседателот на Арсенал Дејвид Ден да учествува во трансферот.

Во последниот ден од зимскиот преоден рок во 2009. година Русите не попуштале, така што Арсенал бил принуден да плати двојно повеќе од 7 милиони фунти. Руската страна на преговарачите била под директно влијание на Путин кој не сакал лесно да се откаже од омилениот фудбалер кој подоцна ја поддржа неговата кандидатура на изборите во Русија.