Како Мурињо му донесе 66 милиони фунти на Челси?

Откако се врати на Стемфорд Бриџ, Португалецот успеа да се ослободи од играчите кои беа звучни имиња, вредеа многу, а тој не ги сакаше. Се работи за петмина фудбалери кои не беа по вкусот на Специјалниот, а донесоа профит во касата на Челси.

Белгиецот Кевин де Брујне настапи само два пати во дресот на Челси, откако летото во 2013. година за 6,7 милиони фунти дојде од Гент. Многумина се чудеа зошто Мурињо не го игра белгискиот репрезентативец, а тој им одговараше дека нема место за него во конкуренција на Азар, Оскар, Вилијан и подоцна Матиќ.

На крајот, Мурињо успеа да одреди цена за Де Брујне, кој замина во германски Волфсбург за 18 милиони фунти, цена речиси тројно поголема од онаа за која дојде во Челси.

По само 11 натпревари во првенството, еден во Лигата на шампионите и два натпревари во Лига купот, Мата незадоволен од статусот реши да си замине од Стемфорд Бриџ. Манчестер Јунајтед за Шпанецот плати дури 37 милиони фунти, по што Челси и од него беше во плус, бидејќи од Валенсија во Лондон дојде за 23,7 милиони англиски банкноти.

Од Демба Ба, Челси има 1 милион фунти заработка. Сенегалецот дојде од Њукасл за 7 милиони евра, а во стартните 11 во Челси беше на 23 натпревари за 18 месеци.

Летово 29 -годишниот Демба Ба замина во Бешикташ за 8 милиони фунти.

Најголем профит сините направија со продажбата на Давид Луиз. За Бразилецот во јуни месе

ц ПСЖ понуди астрономски 50 милиони фунти, што е рекордна сума за дефанзивен играч.

Иако остана само со Кејхил и Тери како централни бекови, Мурињо и Абрамович се задоволија со двојниот профит. Луиз во Челси дојде од Бенфика за 25 милиони евра во јануари 2011. година.

Рекорди со купен играч од Челси сруши и Евертон. Откако не најде место кај Мурињо, Лукаку лани беше позајмен во клубот од Ливерпул. По одличните игри за „карамелите", тренерот Мартинез ги убеди челните луѓе на Евертон да не жалат пари за Белгиецот.

На крајот Лукаку потпиша договор со Евертон, вреден рекордни за нив 28 милиони фунти.
За овие 5 трансфери Челси заработи 141 милион фунти, а претходно ги купи за 74, 4 милиони фунти. Тоа значи дека одлуката на Мурињо да се ослободи од овие играчи на клубот му донеле чист профит од 66 милиони фунти!

5 играчи кои заминаа од Челси:

1. Давид Луиз (ПСЖ – 50 милиони фунти, профит: 25 милиони фунти)
2. Ромео Лукаку (Евертон – 28 милиони фунти, профит: 16 милиони фунти)
3. Хуан Мата (Ман. Јунајтед – 37 милиони фунти, проофит: 13.3 милиони фунти)
4. Кевин де Брујне (Волфсбург – 18 милиони фунти, профит: 11.3 милиони фунти)
5. Демба Ба (Бешикташ – 8 милиони фунти, профит: 1 милион фунти)