Како Јирген Клоп зафркнал меч за влез во Бундеслига

Најхаризматичниот тренер на денешницата беше гостин во најгледаната фудбалска емисија во Британија, Monday Night Football каде стручни аналитичари се Џејми Карагер и Гери Невил. Беше и Тиери Анри но се повлече откако стана помошник тренер на Белгија. Синоќа во емисијата гостуваше Јирген Клоп кој покажа колку најдобро ја разбира фудбалската филозофија.

Клучни точки од неговиот одличен настап беа:

За Премиер лигата - „Има седум, осум, девет тима кои размислуваат дека треба да бидат на врвот на табелата. Дефинитивно е најкомпетитивната лига во европскиот фудбал“.

За примање голови од прекини - „Нема солуција. Го немаме највисокиот тим во лигата. - Како ќе го решиш тоа? „Ќе ги направам повисоки“.

За Ливерпул како втор фаворит за титулата со коефицент 5.00: „Многу сум среќен поради тоа, иако не ги ни разбирам бројкиве, што значат?

За него како играч: „Бев многу просечен. Искрено бев брз и играв добро со глава, но само толку. За жал, топката најчесто е на теренот и тоа не беше добро по мене“.

За неговиот gegenpressing: „Ниту еден плејмејкер во светот не може да биде добар како оној кој прави добар пресинг“.

За Роберто Фирмино: „Тој секогаш учествува во акциите - дали офанзивни дали дефанзивни бидејќи по природа е таков. Не размислува многу, тој е играч по инстинкт“.

За тоа што го игра Милнер бек: „Правилото за него е да биде опција за да прими топка или да биде заштита“.

Клоп ја започна тренерската кариера во Мајнц 05 каде работеше од 2001 до 2008 година. Потоа седум години беше тренер на Борусија Дортмунд од 2008 до 2015 кога дојде во Ливерпул.