Како изгледаше првиот меч на Лестер во ЛШ на домашен терен

Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?

За разлика на пример од Ливерпул, шест часа до мечот Лестер - Порто синоќа во центарот на градот било тивко и мирно. Малото градче во источна Англија нормално го привршувало работниот вторник. Но што поблизу влегувате во улиците близу центарот, се повеќе ружи ви стојат пред очите, како пред четири месеци кога се спремаше прослава на титулата.

Во англиската есенска реалност во 2016-та, шампионот освои вкупно 7 поени со 3 порази (само мрзлив човек нема да напише дека Лестер толку порази доживеа за цела сезона лани), но навивачите ги веселеше победата од 0:3 во Бриж. Затоа во добро расположение го чекале мечот против Порто.

Во витрините од секој агол наместо илјадници плакати We are the champions, стои Добредојдовте во Лестер на три јазици (дански поради Копенхаген, белгиски поради Бриж и португалски поради Порто).

Доцна попладнето и вечерта кон стадионот „Кинг Паур“ почнале да се упатуваат многу навивачи во шалови и маици на Лестер. Околу 30.000 навивачи го следеле мечот а претходно домашните ги пополниле сите градски пабови. Буквално преку улицата со најмногу пабови во центарот имало и локали полни со навивачите на Порто. Тие не се разликувале многу од домаќините по бојата на дресовите и шаловите, но се однесувале многу погласно. Но немало многу прави гости од Порто: мнозинството од тие кои биле вчера да го бодрат „Змејот“ живеат во Лондон и околните места.

Атмосферата во градот била сосема опуштена за разлика од онаа во Загреб, на пример. Од друга страна домаќините логично биле многу возбудени поради првиот историски настап на Лестер во Лигата на шампионите.

Да се добие акредитација за овој меч, неопходно било три пати да го свртите стадионот за да ги пополните сите листи во канцелариите на УЕФА. Уште 15 минути ве држат на врата редари кои се добро запозанети со прописите. Странските новинари и фоторепортери кои известуваа од овој меч велат дека правилата на УЕФА „му ја одзеле слободата“ на Лестер, па така пред почетокот на мечот легендарниот кабинер Џон Ледвиџ не смеел да си игра со изгледот на теренот.

Ниту пак симпатичната маскота, лисицата Филберт Фокс не смеела според правилата да се фотографира со играчите заедно пред почетокот на мечот. Еден час до мечот прес-службата гордо ја делело листата со составите.

УЕФА е толку строга во своите правила поради што Лестер не можел да се снајде во почетокот. На пример УЕФА има 10 луди правила:

# Не смее да има клупско име или амблем на голманските ракавици.

# Децата задолжени за топките мора да останат зад рекламите и никако да не ги прескокнуваат.

# Целиот терен мора да биде наводенет пред самиот меч и само пет минути на полувремето.

# Клупската маскота мора да добие дозвола да позира на тимската фотографија

# Сите летоци и брошури кои се делат мора да бидат одобрени од УЕФА

# Турите низ стадионот никако не смее да ја опфаќаат канцеларијата на УЕФА на истиот

# Графиката „Road to the Final“ мора да се прикажува нан големи екрани

# Музиката при постигнат гол не смее да биде подолга од 15 секунди и мора претходно да биде одобрена.

# Официјалните лица мора да имаат две слободни места и работно биро.

# Човекот задолжен за теренот не смее да сече и да коси по своја волја, туку има правила и за тоа.

Сите иницијативи на „Сината армија“ на трибините изгледаат пристојно, за разлика од суровите Португалци кои на 1,5 часа до почетокот на мечот се туркале тензично со стјуардите. На домаќините овие сцени им биле непознати, па им било непријатно но се до почетната судиска свирка кога згрмеле во свој стил. Ако на трибините им требало време да се навикнат на новиот амбиент во Лига на шампиони, тимот од самиот почеток беше уверлив. Лестер неколку пати проби по крило и веќе во 25. минута Слимани постигна гол по асистенцијата на Марез. Англичаните биле понервозни во последните 10 минути кога Порто играл пред голот на Шмајхел, но до крајот ја сочуваа предноста.

Првиот меч од Лигата на шампионите во историјата на Лестер завршил сосема лежерно: стадионот се испразнил, а потоа Португалците и Британците почнале да ги запоседнуваат соседните пабови.

Варди парти немаше, но Лестерци заработија пица од Раниери.