Каде се фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои последен пат му донесоа ЛШ

Во 2009-та Јунајтед играше финале во ЛШ, но наиде на Барселона и на Олимпико во Рим загуби 2:0. Две години подоцна ги снајде иста судбина, овој пат на Вембли каде загубија 3:1. Пред првиот трофеј во ЛЕ, последното нивно славје во Европа им се случи пред 9 години.

Навивачите на Манчестер Јунајтед чекаа да се израдуваа на некој Европски трофеј од 2008 година кога на стадионот Лужњики во Москва го совладаа Челси на пенали со 6:5 за трет трофеј во ЛШ. Кај Манчестер промаши само Роналдо, а кај Челси и Ањелка. Само Вејн Руни и Мајкл Карик од тој тим се уште ги има на Олд Трафорд.

ЕДВИН ВАН ДЕР САР (46) шеф во Ајакс

По шест години кариера во Јунајтед каде освои 4 титули во Премиер лигата последниот меч на Ван Дер Сар беше во финалето од ЛШ во 2011-та. Три финалиња за него со Манчестер во ЛШ, еден трофеј. Откако таа година се повлече од фудбалот, холандскиот голман лани одигра една средба за локалниот клуб Нордвијк и одбрани пенал. Во моментов има раководна функција во Ајакс, клубот каде ја почна кариерата.

НЕМАЊА ВИДИЌ (35) пензија

Заедно со Фердинанд имаше репутација како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата. На Олд Трафорд остана 8 сезони и освои вкупно 15 трофеи, а во 2014-та имаше неуспешна авантура во Интер од каде замина во пензија минатата година.

РИО ФЕРДИНАНД (38) критичар

Истата година со него од Манчестер си замина и неговиот партнер од одбрана, а кариерата ја заврши во КПР. Фердинанд имаше 12 годишен стаж на Олд Трафорд, а сега е доста активен во фудбалот како фудбалски критичар на тв.

ПАТРИС ЕВРА (35) Олимпик Марсеј

2014-та беше година кога уште едно славно име од одбраната го напушти Манчестер Јунајтед. Направи трансфер во Јувентус каде освои по 2 Скудета и Куп на Италија, а од јануари годинава е член на Марсеј.

ВЕС БРАУН (37) Блекбурн

Најголем стаж во Манчестер Јунајтед во ова елитно друштво во одбрана имаше Вес Браун кој го носеше нивниот дрес од 1997-ма до 2011-та и кој ја освои ЛШ во она историско финале со Баерн. Освен што е играч на третолигашот Блекбурн тој е и тренер на тимот У-23.

МАЈКЛ КАРИК (35) Манчестер Јунајтед

Дојде во 2006-та од Тотенхем и се уште е дел од средниот ред на Манчестер Јунајтед. Се работи за доста трофеен играч со конзистентност во формата.

РАЈАН ГИГС (43) пензија

Се работи за една од најголемите легенди во историјата на клубот со 24 години кариера во Јунајтед и 35 трофеи кои го прават втор најтрофеен фудбалер во светот. Гигс беше кусо време тренер на Јунајтед, а потоа помошник на Ван Гал. Кога минатата година дојде Мурињо, тој реши да си замине.

ПОЛ СКОЛС (42) пензија

Исто како Ван Дер Сар и Сколс реши да се повлече по загубеното финале од Барселона во 2011-та, но потоа ја промени својата одлука. Човекот кој цела кариера ја мина во Манчестер за кој има околу 700 настапи се врати во акција во јануари 2012-та и одигра уште 33 средби пред официјално да се пензионира.

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (32) Реал Мадрид

Покрај двата пехари со Реал, Роналдо има и ЛШ со Манчестер Јунајтед на кое беше и стрелец на оние 1:1 во Рим. Се останато за него е историја.

ПАРК ЏИ СОНГ (36) амбасадор на Манчестер Јунајтед

Навивачите го обожаваа од причина што беше голем борец на теренот. Во Јунајтед играше до 2005-та до 2012-та и стигна до 200 настапи, а потоа замина во КПР. Јужно Кореецот одигра и една сезона во ПСВ каде во 2014-та ја заврши кариерата. Името на Парк се уште е поврзано со Манчестер бидејќи ја доби амбасадорската улога.

НАНИ (30) Валенсија

Остави значаен белег во неговиот 8 годишен престој во Јунајтед, но потоа беше испратен во Спортинг како дел од трансферот на Маркос Рохо. Од таму во Фенербахче па во Валенсија.

ВЕЈН РУНИ (31) Манчестер Јунајтед

Замина во Манчестер млад на 19 години и со освојување на Лига Европа стана првиот фудбалер во светот кој успеал да ги спои следниве трофеи: Премиер лига, ФА Куп, Лига Куп, Комјунити Шилд, Лига на шампиони, Лига Европа и Светско клупско првенство. Кога и да реши дека му е доста во Јунајтед ќе биде испратен како легенда. Зборуваме за најдобриот стрелец во историјата на клубот.

ХАВИЕР ХЕРНАНДЕС ЧИЧАРИТО (28) Баер Леверкузен

По поразот на Јунајтед од Барса, Чичарито остана во првиот тим на Манчестер но се додека не дојде Ван Гал. Потоа замина на едногодишна позајмица во Реал Мадрид, но во голгетерска форма се врати ви Баер Леверкузен.

КАРЛОС ТЕВЕЗ (33) Шангај

Одигра само две сезони во Јунајтед но му се потрефија бидејќи освои ЛШ, Светско клупско првенство, Лига Куп, Комјунити Шилд и два пати Премиер лига. Следните негови дестинации се: Манчестер Сити, Јувентус, Бока Јуниорс и Пангај.

Останатите играчи кои тоа време го носеа дресот на Јунајтед беа: О`Ши, Силвестре, Андерсон, Харгривс, Флечер...

26 мај 2017 - 10:39