Јунајтед ќе им плати милион евра на тие што не играат

На „Олд Трафорд“ сезонава како да има епидемија. Ван Гал во моментов има 9 повредени играчи на кои регуларно им тече плата како на другите.

Пресметките покажуваат дека клубот само за оваа недела ќе плати 786.000 фунти за оние кои не можат да помогнат на терен.

Радамел Фалкао (280.000 фунти неделно) поради повреда на потколеницата е отсутен веќе еден месец, а ќе го нема уште две недели.

Дејли Блинд (75.000) ги повреди лигаментите на квалификацискиот натпревар помеѓу Холандија и Летонија и ќе отсуствува подолго време. Клубот преку Твитер објави дека ќе го нема 6 месеци, а Ван Гал изјави дека ќе бидат помалку.

Дефанзивецот Маркос Рохо (75.000) кој исто така дојде летово, го повреди рамото на мечот против Манчестер Сити на почетокот од овој месец, а ќе биде отсутен уште неколку недели.

Од останатите одбранбени фудбалери Рафаел (50.000) има проблем со мускулот, Фил Џонс (50.000) со потколеницата, а Еванс (65.000) со коленото.

Ешли Јанг (115.000) има повреда на препоните, но се очекува да се врати наскоро, а сличен проблем има и Мајкл Карик (80.000).

Од убавите вести за Ван Гал е дека викендов против Арсенал ќе ги има на располагање Де Геа и Ди Марија, а најверојатно и Луке Шоу кој предвреме излезе на пријателскиот меч меѓу Англија и Шкотска.

Манчестер Јунајтед летоска потроши над 150 милиони евра на засилувања, а во моментов е на седмо место, со 13 бодови заостанување зад лидерот Челси.

Клик ТУКА ако ве интересира како се зголемува платата на Фалкао секоја секунда.

21 ноември 2014 - 15:36