Јас, Баџо и Гвардиола кој уште во Бреша беше печен за тренер

Тоа што Пеп Гвардиола до својата 46-та година има освоено 21 трофеј како тренер, не е само среќата што му се паднало да ги тренира Барселона и Баерн. Тој беше играч – организатор, кој размислуваше како тренер и додека беше активен фудбалер.

За тренерските способности на Пеп Гвардиола најдобро ќе раскаже Карло Мацоне, стариот италијанскиот стратег кој го тренираше во Бреша во 2001-ва година заедно со легендарниот Роберто Баџо.

„Сите велат дека Гвардиола почнал да ја тренира Барселона со многу мало тренерско искуство, но тие не знаат дека Пеп уште на 20 години беше тренер и ова не го кажувам чисто онака. Кога играше во Барселона, тој по натпреварите не зборуваше со соиграчите, туку со членовите на стручниот штаб бидејќи сакаше да сфати по секој меч, што може да се подобри.

Истото го правеше и со мене во Бреша, а еднаш по еден натпревар кој го добивме му реков: `Пеп во ред, оставиме сега на раат, и онака победивме`.

Беше перфекционист. Еднаш го прашав: Пеп зошто дојде тука во Бреша кога по толку години играње во Барселона можеше да одиш каде сакаш?

`Затоа што сакав да играм со Роберто Баџо, пораснав со митот на Баџо, ми се појави таква можност и не размислував ниту секунда`.

Многу се врзав за него, бидејќи во мое време во Бреша, Пеп имаше двојна улога на играч и советник. Беше со отворен ум.

На еден меч од клупа го ставив да влезе Роберто Баџо кој во тој период му заврши една од многуте повреди. Гвардиола се доближи до местото каде што требаше да влезе место Џунти за да му ја даде капитенската лента, а Баџо му рече: Пеп немај гајле, нека остане кај тебе.

Гвардиола му одговори: Роби, капитенската лента е твоја пријателе, се враќаш по повредата, сега влези и земи ја.

Во тој момент скокнав од клупа и им реков: Еј ајде мрднете, ајде сакам да го добиеме овој натпревар.

Во тој момент реагирав така, но истовремено сфатив дека имам среќа да тренирам двајца големи играчи и пред се големи луѓе.

Баџо влезе и даде два гола, а во соблекувалната овој пат јас му пријдов на Пепе и му реков: Денес победивме пред сè благодарение на твојот гест. Ти ќе станеш најдобар тренер во светот.

Судбината на Пеп беше испишана со тоа што му го кажа Мацоне. 14 трофеи со Барселона, 7 со Баерн Минхен.

17 февруари 2017 - 16:07