Јаховиќ и Георгиевски се скараа на тренинг

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги отстрани од националниот тим двајцата фудбалери кои ја нарушиле атмосферата во тимот пред дуелот против Словачка.

Бошко Ѓуровски во консултација со техничкиот менаџер Илија Најдовски одлучил да ги исфрли од составот Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски кои за малку ќе се степале на тренинг на ден пред средбата против Словачка.

„Не отстапувам од мојот став, за Македонија ќе играат само играчи кои ќе го дадам максимумот. Не сакам играчи кои немаат нетрпение, а тие тоа го покажаа на денешниот тренинг. Играњето за Македонија мора да биде треба да биде светост и чест. Мислам дека ќе поканам двајца од младинската селекција, прво треба да направам анализа, иако сметам дека 15 се доволни“, изјави Ѓуровски

Случајот на денешната прес конференција го искоментира и Најдовски кој рече дека на првите три квалификациски средби до сега немало никаков инцидент и дека во иднина нема да се толерира никаква недисциплина во репрезентацијата.