Италијанските судии се најстроги, англиските најмеки

Критериумите на делителите на правдата се важен дел за темпото за играта кое ќе се наметне на еден натпревар. Серија А е позната лига во која се практикува многу тактички фудбал и пимплање со топката, а на бавната игра дополнително влијаат и судиите.

Во италијанското фудбалско првенство има најмногу прекини и во просек на еден натпревар се свират по 32 прекршоци. Тоа е највисок процент во однос на другите пет најсилните европски првенства и Лигата на шампионите.

Статистиката покажува дека италијанските арбитри освен што најчесто се фаќаат за свирчето за да досудат фаул, покажуваат и најмногу црвени картони, а тоа е 0,29 по натпревар.

Судиите во Италија се строги и во однос на делењето жолти картони со 4,84 во просек, но во оваа конкуренција најригорозни се Шпанците кои фаулите со прва опомена пред исклучување ги санкционираат со по 5,15 жолти картони на меч.

Најтечна игра со најмалку прекини има во англиското првенство, каде во просек се судат по 22 фаули, што е за 20% помалку од натпреварите во најелитното клупско европско натпреварување. На островот судиите дозволуваат и “најмашка“ игра и во просек по натпревар делат 3,21 жолти и 0.15 црвени картони.

18 април 2014 - 22:28