Vamos Chape

Историска прва победа за Шапекоенсе во Либертадорес

Животот во Шапекоенсе полека се враќа во нормален колосек. Тоа го покажаа во Венецуела каде победија 1-2 и ги освоија првите бодови во најсилниот турнир во Јужна Америка.

Деведесет и девет дена после авионската несреќа во Меделин, бразилската екипа Шапекоенсе ја оствари првата победа во елитната Копа Либертадорес. Тимот предводен од Вагнер Мансини славеше 1-2 против Зулиа од Венецуела.

При прославата на победата на стадионот ’Хозе Енкарнасион Паченчо Ромеро’ играчите покажаа кон небото во чест на оние кои веќе ги нема. Меѓу фудбалерите кои допатувале на овој меч биле и двајцата преживеани од несреќата, Нето и Рушел. Победата Шапекоенсе ја оствари со головите на Реиналдо и Луиз Антонио во 33’ и 69’ минута за победа од 1-2.

Со првиот триумф во најголемото натпреварување во Јужна Америка, Шапекоенсе сега е прв во групата 7 каде се уште и Ланус, Клуб Национале и Зулиа. 

Од фаталната несреќа на 28. ноември минатата година до денес одигра 15 меча во неколку различни натпреварувања и оствари 6 победи, 6 нерешени и 3 порази.

Шапекоенсе се натпреварува во две бразилски првенства: Примеира Лига и државниот шампионат Кампеонато Катаринензе (таков е системот во бразилскиот фудбал). Досега сезонава дале 17 гола, а примиле 15. Тимот им е претежно составен од играчи од младинската школа, од оние кои ја преживеаа несреќата и од фудбалери коишто дојдоа на позајмица од други екипи.

Најмлад е 18 годишниот Бусанело, а најстар ветеранот Артур Мораеш со 37 години. Први стрелци на тимот со по три гола се Велингтон Паулиста (32) и Нитињо (23). Црвен картон сезонава добил само ветеранот Мораеш а 12 играчи добивале жолти картони.

Следниот меч Шапекоенсе го игра во сабота на гости против Интернационал де Лагес во шампионатот Катаринензе, а на 16-ти е големото дерби против аргентинскиот Ланус дома.  Намјногу време на теренот после трагедијата поминале двајцата стопери Диего Ренан (27) и Даглас Гроли (27) по 720 минути.

Главна карика во средниот ред се Амарал и Андреи Гирото (8 пати бил стартер) со по 638 односно 576 минути, а во нападот најстандардни се Велингтон Паулиста со 584 одиграни минути и Роси со 607 минути досега сезонава.