Историјата е испишана, Лестер е во транс

Европските прваци Порто во Лига на шампипони 2004 и Грција на ЕП 2004 не се најголемото изненадување во фудбалот во овој милениум. Тоа се јунаците од Лестер кои машки се бореа од 8 август 2015-та до 2 мај 2016-та и стигнаа до првата шампионска титула во Премиер лигата.

Тоа што можеби само го сонуваа, го остварија. Во конкуренција на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Ливерпул па и Тотенхем, шампион во Премиер лигата во сезоната 2015/2016 е Лестер или Лечестер, како сакате.

До крајот на сезоната има уште две кола, но Еден Азард вечерва со гол во 83 минута израмни против Тотенхем на 2:2, а бодовната разлика меѓу Лестер и Тотенхем останува 7 бода, што значи дека големата фудбалска сензација вечерва и математички е остварена.

Првата титула на Лестер е и прва на Клаудио Раниери на кого сигурно и споменик ќе му подигнат во градот. Италијанскиот стратег работи како тренер од 1986-та, водеше 13 клубови како Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челси, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, но првата титула ја освојува токму со Лестер.

Што би рекол Алесандро Дел Пјеро, нека стане Лестер шампион во Премиер лигата за да имам што да им раскажувам на внуците.

Играчите ја гледаа Челси - Тотенхем кај Варди дома.

А вака реагираа кога судијата свирна крај на Стемфорд Бриџ

 Очекувана беше лудницата и меѓу навивачите

Марк Селби вечерва стана Светски првак во снукер, но славеше нешто друго.

2 мај 2016 - 23:58