И потрес на мозок нека имам, само Атлетико да не прими гол

Стефан Савиќ не е од оние мрзливи Црногорци или ботови во одбрана. Првите 45 минути од мадридското дерби заврши без голови благодарение на неговата херојска интервенција, која слободно може да ја прогласат за најдобра во сезоната уште сега.