Гостувањето на Интер кое место формалност стана кошмар

5 мај 2002-ра е еден од најужасните датуми за Интер. Масимо Морати стана претседател на клубот во 1995-та и по 7 години трошење пари за врвни засилувања, тој ден се очекуваше да им го донесе првото Скудето во негото време. Во напад го имаше триото Роналдо-Рекоба-Виери кои се загубија на Олимпико и покрај поддршката од цел стадион.

Интер со бод предност во последното коло требаше само да слави против Лацио кој играше меч без никакво резултатско значење, а Јуве гостуваше во Удине. Навивачите на Лацио и Интер беа измешани на стадион и заедно навиваа за тимот на Хектор Купер.

Тоа се должи на збратименоста на овие две навивачки групи. Но на крајот се случи најнеочекуваново сценарио по кое на Морати сигурно му дошло да испуши штека цигари. Лацио - Интер 4:2, Удинезе - Јувентус 0:2. Скудето за Јуве, солзи за Роналдо.

За Лацио настапија: Перуци, Стам, Коуто, Неста, Фавали, Поборски, Џаникеда, Симеоне, Станковиќ, Фиоре и Инѕаги, а како замени влегоа Дино Баџо и Цезар.

За Интер: Толдо, Занети, Кордоба, Матераци, Грешко, Консеисао, Ди Бјаџо, Кристијано Занети, Рекоба, Роналдо и Виери. Измени: Далма, Емре и Калон.

5 мај 2016 - 23:49