Голманот кој ги скроти ѕверките на Барселона

Дали би поверувале ако некој ви каже дека Барселона цели 9 години нема победа во еден град? Каталонците викендов шести пат по ред со спуштена глава го напуштија Сан Себастијан, градот на културата во Европа за 2016-та.

Реал Сосиедад во саботата сензационално ја победи Барселона 1:0 со голот на Микел Ојарзабал во 5. минута, момент после кој Барса 85 минути вршеше опсада кон противничкиот гол.
 
Каталонците во свој стил создадоа цел куп шанси, приликите се редеа пред голот на домаќинот, но таму 23-годишниот Херонимо Рули правеше чуда. Меси имаше три стопостотни шанси, Арда Туран по еден шут веќе ја виде топката во голот на Сосиедад, но таму беше неверојатниот Тули.
 
Херонимо Тули во Реал Сосиедад е дојден на позајмица од уругвајскиот второлигаш Депортиво Малдонадо чијшто играч формално се води, затоа што права на него има контроверзниот англо-бразилски инвестиционен фонд.

Во Депортиво Малдонадо, Хулио премина во 2014-та година од аргентинскиот Естудијантес каде имаше неколку одлични настапи. За уругвајскиот клуб не одиграл ниту еден меч, а летово Валенсија сакала да го купи по секоја цена, но тој изразил желба да остане во Сосиедад. Во последно време често го викаат во репрезентацијата на Аргентина, но сè уште не дебитирал за Гаучосите.
 
Во ноември минатата година кога Барселона на Камп Ноу со 4:0 го совлада Сосиедад, Рули изјави дека ќе може да им каже на внуците како играл против Меси, Нејмар и Суарес, целосно несвесен за тоа што ќе му се случи на 9. април годинава кога на пеколниот напад на Барса му одбрани буквално сè.
 
 
За 92 минути Рули имаше 7 фантастични одбрани, од кои минимум половина беа непосредно пред него. Аргентинецот така успеа да ја одржи непобедливоста на тимот од Сан Себастијан во дуелите со Барселона која последен пат славеше кај Сосиедад во далечната 2007. година.
 
 
Барса на стадионот Аноета последен пат славеше 0-2 на 5. мај 2007 година со головите на Ето и Иниеста. После тој триумф, Барса шест пати гостуваше во Сан Себастијан и загуби дури пет меча.
 

30.04.2011
Реал Сосиедад - Барселона 2:1
/Ифран 72', Чаби Прието 83' - Тиаго Алкантара 29'/

10.09.2011

Реал Сосиедад - Барселона 2:2
/Агирече 60', Гризман 62' - Чави 10', Фабрегас 12'/

19.03.2013

Реал Сосиедад - Барселона 3:2
/Чори Кастро 40', Маскерано а.г. 63', Агирече 90' - Меси 7', Педро 25'/

22.02.2014

Реал Сосиедад - Барселона 3:1
/Сонг аг. 32', Гризман 54', Сурутуса 59' - Меси 36'/

04.01.2015

Реал Сосиедад - Барселона 1:0
/Жорди Алба аг. 2'/

09.04.2016

Реал Сосиедад - Барселона 1:0
/Ојарсабал 5'/