Големите за бегалците

Арсенал, Челси и двата клуба од Манчестер се обединија во помошта и донациите за бегалците од Сирија. Ќе одвојуваат по едно евро од секоја продадена карта за Лигата на шампионите.

Премиерлигашите решија да донираат средства за бегалците, а учесниците во ЛШ и ЛЕ од Англија ќе одвојуваат по едно евро од секоја продадена влезница. За тоа потпишаа заеднички договор кој дојде на предлог на првиот човек на Арсенал, Иван Газидис а беше прифатен од Карл-Хајнц Румениге, претседателот на Европската клупска асоцијација.
 
Португалскиот Порто беше првата екипа која даде таков предлог до УЕФА, а во намерата им се придружи и германскиот Шалке, кои веќе поддржи неколку иницијативи во хуманитарните акции за помош на бегалците. Арсенал досега веќе донираше околу 400.000 фунти во помош на сиријските деца од 2012. година. Клубот често донира и дресови и опрема, а ја поддржува и изградбата на терени во ирачките бегалски кампови.
 
Поранешниот стопер на Арсенал, Мартин Кион кој е амбасадор на фондацијата Арсенал, исто така го отвори фудбалскиот терен во бегалскиот камп Затари во Јордан. Топџиите ќе собираат средства и на саботниот дуел против Стоук Сити на домашен терен.
 
10 септември 2015 - 12:08