Го победуваш Наполи и те чека цел град на аеродром

Со два гола на централниот дефанзивец Матја Калдара, Аталанта оствари историска победа над Наполи на гости и се приближи само на три бода од местото кое води во Лига на шампионите. Илјадници тифози на клубот дојдоа на аеродромот да ги пречекаат јунаците.

Аталанта никогаш не завршила погоре од 5. место во Серија А. Синоќа против Наполи ја остварија четвртата победа по ред и петта на последните шест меча. Бергамашите ја прекинаа серијата на Наполи од 14 натпревари без пораз што беше причина навивачите од Бергамо на аеродромот да направат стадионска атмосфера.

26 февруари 2017 - 13:47