ЕП 2016 Франција

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.

Мечот на Стад де Франс во Париз го следеа околу 80.000 гледачи кои имаа што да видат само во вториот дел во кој Полјаците создадоа неколку сериозни прилики но Аркадиуш Милик и Левандовски не ја казнија германската одбрана. После две кола во Групата Ц, Германија и Полска имаат по четири бода, а во последното коло Панцерите играат против Северна Ирска која има три, а Полска против Украина која има нула бодови.
 
Промашувањето на првенството на Аркадиуш Милик:
 
Хајлајтс од мечот Полска - Германија:
 
ГРУПА Ц: Германија 4, Полска 4, Северна Ирска 3, Украина 0.
Следно коло: Северна Ирска - Германија, Украина - Полска.