Фудбалскиот клуб Идомени

Преку 11.000 бегалци се сместени во импровизирани кампови во грчкото село Идомени, во исчекување дека ќе се отвориат границите за да го фатат патот кон подобро утре во земјите на ЕУ. Во оваа тажна и долга приказна се случи фудбал.

Грчките власти се обидоа да им објаснат дека нема да може да одат понапред од тоа бидејќи границите се затворени, но бегалците кои немаат основни услови за живот во своите земји, не сакаат да го чујат зборот назад.

„Кога го посетив ова место во кампот беше очајно. Бебињата плачеа во рацете на мајките, а редовите за храна беа бескрајни. Додека се шетав и се обидував да направам некоја фотографија покрај тие стереотипни, Амид од Сирија шутна топка накај мене. Јас му ја вратив, а тој продолжи да ја води меѓу шаторите. Му се придружија и други деца, а јас почнав да фотографирам додека поставуваа камења во замена за стативи. Покрај тие долги чекања, една активност беше светла точка: фудбал“, вели грчкиот новинар Костас Кукумакас

28 април 2016 - 16:43