Фудбалски терен со Величе на средина

Кога игравме како деца фудбал во маало, за стативи обично сме користеле камења, лименки или ако во некој парк начекаме дрва на блиско растојание. Естонија ни носи еден сосема поинаков пример.

На овој фудбалски терен ја нема онаа бела точка каде што се става топката на почеток од мечот, туку на тоа место има Даб кој изникнал пред 150 години. Естонците не го баталиле игралиштето на кое играат и денеска и ниту смеат да го исечат, па мора да прават еден дриблинг повеќе. Дрвото стана до толку популарно што е прогласено за Европско дрво на 2015 година, а легендата вели дека не можел да го исече ниту Сталин.

5 март 2015 - 23:35