Фудбалот денес не е важен во Белгија

Брисел е погоден од терористички напади на две локации, а тоа се случува седум дена пред белгиската фудбалска репрезентација да ја пречека Португалија. Мечот е неизвесен, а на аеродромот каде имаше експлозија требал да слета брат му на Новак Ѓоковиќ.

Фудбалската репрезентација на Белгија го одложи денешниот тренинг откако утринава беше шокирана од терористичките напади кои според последните информации однесоа 23 жртви и 50 повердени.

Белгија има закажано пријателски натпревар против Португалија кој треба да се игра на 29 март на стадионот „Крал Бодуин“ (поранешен Хејсел), но за сега не е сигурно дали тој меч воопшто ќе се игра.

„Нашите мисли се насочени кон жртвите. Фудбалот денес не е важен. Тренингот е откажан“, стои на официјалниот Твитер профил на националниот тим на Белгија.

Експлозии утринава во 8 часот се слушнаа на дескот за чек-ин на аеродромот во Брисел, а околу еден час претходно и на метро станица во центарот на градот.

Репрезентативците на Белгија твитаа за нападите, а брат му на Новак Ѓоковиќ требал да слета на истиот аеродром во Брисел.