Легендарниот Рори Делап

Фудбалерот кој ги изведуваше најопасните аути на свет

Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.

Можно е да се биде голем играч, секој викенд да се поставува нови рекорди, да се постигне сто гола, но секогаш ќе има нешто друго што ја прави играта поинаква.

Ејден Макгиди стигна до Премиер лига и заврши во нисколигашот Престон, но се овековечи себе со финтата која што ја нарекоа во негова чест. ’Новиот Роналдињо’ Керлон од Бразил заврши во првенството на Словачка, но неговото жонглирање со глава ("drible da foquinha") никој нема да го заборави.

И Рори Делап е еден од тие фудбалери.

СТРАШНА ПУШКА

Евтиниот и малку познат играч од средината на теренот со бедна статистика постигна десетина гола на стотина натпревари во кариерата. Играше во Чемпионшип, не беше многу познат во Премиер лигата и повремено играше за репрезентацијата на Ирска.

Рори Делап беше таков до сезоната во која стана еден од најистакнатите играчи во земјата.

Преминот во Стоук Сити во 2007-ма смени сè во неговата кариера. Денес Стоук е тим со голема репутација во Премиер лигата а Делап беше еден од оние кој го вратија клубот во елитата. Тогаш Рори го доби прекарот ’Страшната пушка’ и противничките бекови со страв гледаа во него.

Рори добиваше воздишки од трибините за еден прост ритуал којшто го изведуваше десетина пати на еден натпревар. Се враќаше пет чекори наназад како Кристијано Роналдо пред слободен удар. Ја земаше топката, ја бришеше со пешкир којшто му го носеа децата задолжени за собирање топки и под крикот на толпата: ’Бууууууууум’ со страшна брзина ја фрлаше топката во противничкиот шеснаесетник.

Но тоа го правеше само на домашниот стадион на Стоук Сити. Во другите градови мораше да го користи дресот и да слуша селективно пцуење пред секое изведување аут од 30-40 метри. Неговиот аут секако не беше светски рекорд во фрлање во далечина, но Рори не беше рекордер за правеше хаос за победа.

Се почнало во сезоната кога Стоук се борел за опстанок во Премиер лигата а стручниот штаб сфатил дека од 13 голови на екипата на почетокот на сезоната, седум паднале благодарение на Рори Делап и неговите аути.

Неговите не беа обични асистенции за во статистика, туку тој создаваше паника и ретко уживање за сите кои го гледаа неговото изведување аут.

Дејвид Мојс: „Делап, тој е човек-прачка“;
Хавиер Маскерано: „Никогаш не сум видел такви аути. Неверојатно е!“;
Луис Фелипе Сколари: „Мислам дека тој е посилен со раце отколку со нозе. Тоа е научна фантастика. Никогаш нешто слично не сум видел во животот. Десет метри од шеснаесетникот а тој ја фрла топката како со нога. Можеби не е убав фудбал, но е ефективен“;
Џон Оби Микел: „Еднаш зборувавме за него пред мечот. Кога излеговме на терен сфативме дека нема да игра и бевме радосни“.

ЗОШТО АУТИТЕ НА РОРИ БЕА ТОЛКУ ОПАСНИ

Нема жив ѕид, нема фиксен офсајд, топката не е на земја и многу полесно стигнува до шеснаесетникот. Рори Делап изведуваше снајперско точни аути. Топката му достигнуваше брзина до 60км на час а патот и беше непредвидлив поради силниот фелш. Неговиот аут беше како стрелка од пикадо.

„Никогаш не сум видел такви аути. Да, и јас ја фрлав топката далеку и ја усовршував техниката на тренинг но најмногу што можев беше таа да стигне до казнениот простор и тоа не беше ризик за противникот затоа што топката одеше подалеку но со мала брзина. Делап ја фрла топката со голема брзина по рамномерна насока така што таа не губи на брзина“, изјави некогашниот бек на Арсенал и Англија Ли Диксон за разликата меѓу тоа да фрлиш топка силнно и онака како што аут изведуваше Рори.

За аутите на Делап се воодушевуваше и тренерот Тони Пулис кој одлучил од нив да ја направи главната акција во тактиката на Стоук Сити: „Им прави многу проблеми на противниците. Мислам дека тоа е затоа што ја фрла топката по рамна линјиа. Не лета високо во воздух и оди рамно така што на противникот му е тешко да види каде таа ќе падне“, изјави еднаш Пулис.

Затоа аутите на Рори ги тревожеа голманите. После негово изведување аут мал неспретен контакт и топката влегуваше во голот. Навивачите на Стоук жалеа што во фудбалот директно од аут не можеш да дадеш гол.

КАКО ДА СЕ БОРИШ ПРОТИВ НЕГО

Против ваквото изведување аут на Рори Делап немаше посебна тактика. Во првите мечеви од сезоната, неговите соиграчи му сметаа на голманот и правеа конфузија во одбраната па некој голмани само ја избиваа топката во корнер а не во нов аут.

Еден тренер во Премиер лигата им наредувал на резервните играчи да се загреваат покрај аут линијата и кога Делап ќе изведува пенал да му сметаат. 

Но дури и да се спремаат за Рори тактички не можат во целост да се ослободат од опасноста, така што клубовите бараа начин да го сопрат.

Дин Виндрас резервата на Хал Сити секогаш кога Рори ќе ја земеш топката, почнуваше да се загрева пред него. Но добиваше усмени опомени и на крајот жолт картон. Слично така жолти картони добиваа и играчите на теренот кои стоеа пред Делап и се обидуваа да го спречат додека судијата не ги тргне.

Вест Хем на пример посебно стави дополнително рекламно пано близу аут линијата со цел да му ја скрати можноста за залет. И други клубови му правеа заврзлами, но тоа многу не го потресе Делап.

На крајот лигата забрани употреба на пешкири за топката, па децата на Стоук Сити на себе носеле специјална опрема за да можат да ја избришат топката пред да му ја дофрлат.

Арсен Венгер еднаш побарал да се забранат таквите аути на Делап: „Рори има неправедна предност во однос на другите. Тој користи ефект кој обично не се применува во фудбалот. Можеби треба да ги смениме правилата и да се дозволи изведување аут со нога? Зошто да не? Мислам дека играта ќе стане побрза“, иронично прокоментира Венгер.

Некои дури и барале поголемо судиско продолжение поради тоа што Рори Делап ја бришел топката со пешкир.

Секако дека и Венгер самиот би сакал во тимот да има играч со таква вештина, но едноставно нема. Сме виделе стотини играчи, но дали се сеќавате на некој што изведувал вака аут? Рори Делап беше единствениот случај затоа што ваквото изведување бара посебна физичка снага, извор кој многу го поврзуваат со страста на Рори за фрлање копје во младоста.

На Рори не му сметаа ниту терените со поголеми димензии, на пример фрлаше силно аут и на ’Олд Трафорд’ кој има поголеми димензии од неговиот терен во Стоук.

Делап денес ја води младинската школа на Стоук Сити и не жали многу што навивачите денес го паметат само како најдобриот изведувач на аути после кои Питер Крауч и другарите даваа голови.