Фудбалер на Лацио ја потпевна химната на Рома

Марко Пароло ќе има многу за објаснување пред навивачите на Лацио. Пред стартот на неделното римско дерби, камерите го уловија како ги изговара зборовите од химната на Рома која во тој момент се пееше на трибините. 

Пароло потекнува од северна Италија, а во Лацио дојде од Парма. Единствен фудбалер на „Бјанкочелестите“ за кој е познато дека навивал за Рома е Антонио Кандрева кој е роден во Рим. Тој е четврта сезона на „Олимпико“, а срцата на навивачите ги освои со одличните игри и голот во дербито од слободен удар пред две сезони.

13 јануари 2015 - 16:25