Фотографијата која откри зошто Меси крена раце од Аргентина

Иако сè уште не е до крај јасно дали нема да игра за репрезентацијата, Меси има сериозни причини на своја страна на тасот од вагата со која го мерат неговиот патриотизам.

Клаудио Родригез, 41-годишен вработен во компанија за хигиена од Ривер Еџ, Њу Џерси седел во секторот 247 од вториот спрат од стадионот Мет Лајф за време на неделното финале на Копа Америка меѓу Аргентина и Чиле.
 
Како голем навивач на Аргентина, Родригез не можел да поверува колку Лионел Меси бил изолиран против колективната одбрана на Чиле.
„Го гледав натпреварот и решив да го сликам Меси. Се фокусирав само на тоа“, раскажува Родригез, татко на пет деца. „На секоја фотографија што ја направив, Меси беше потполно сам, Меси против шесторица, Меси против четворица, Меси против деветмина! Неверојатно беше! Каде беа другите играчи на Аргентина“?
 

Родригез продолжил да слика со својот Canon Rebel апарат. „Сакав да фотографирам уште од 12 години“. Една фотографија од второто полувреме најдобро ја опишува целата приказна. Меси со топката дрибла мала армија Чилеанци околу него. На фотографијата се гледа еден Аргентиенц и дури деветмина Чилеанци (во тој момент толку биле на теренот по исклучувањето на Марсело Диаз).

Оваа фотографија го опишува финалето подобро од било која друга статија и приказна. Чилеанската одбрана го неутрализираше Меси како ниту една друга репрезентација на Копа Америка. Во меѓувреме, неговите соиграчи не правеа ништо за го поддржат Меси.
 
Родригез ја постирал сликата во вторникот напладне, а неговиот пријател Норберто Пино ја ретвитнал неколку минути подоцна. Доцна вечерта бројката на следбеници на Пино на Твитер се качила до 203.000, а во среда наутро постот имал 6.300 ретвита ширум светот.

„Сликата е чувството кое го имам за него: Меси против цел свет“, вели Родригез
Фотографијата е многу слична и потсеќа на онаа од Стив Пауел кој во 1982. година го сликнал Диего Марадона опкружен од шесторица Белгијци на Мундијалот.