Фото на денот

Сампдорија, сезона 1995/1996: Свен Горан Ериксон, Роберто Манчини, Кристијан Карембе, Кларенс Сидорф и Синиша Михајловиќ. Па па па, какво сликиште е ова. Признајте дека сте немале појма за оваа збирштина на легенди во Сампдорија.

Во 90-те таму играа уште и: Среќко Катанец, Џанлука Вијали, Џанлука Паљука, Владимир Југовиќ, Енрико Киеза, Руд Гулит, Валтер Ѕенга, Винченцо Монтела, Хуан Себастијан Верон, Јирген Клинсман, Ариел Ортега.

Успесите на Сампдорија во тие славни денови:

1989/1990 - Куп на Куповите на победниците
1990/1991 - Скудето
1991 - Супер Куп на Италија
1991/1992 - Финалисти во КЕШ
1993/1994 - Куп на Италија