Епската 119 минута меѓу Италија и Германија

Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.

На 4 јули 2006 година овие две селекции исто како пред два дена, покажаа дека 90 минути е малку за да се одлучи победникот. На Мундијалот во 2006-та Германците беа домаќини, но во финишот од полуфиналето немаа среќа и ниту одговор за двете последни и бомбастични минути по кој плачеа, а цела Италија беше во делириум.

Дел Пјеро во 119 минута изведе корнер, а скратената топка отиде таму каде што е најопасно, кај Пирло. Овој на мајсторски начин го пронајде Фрабио Гросо кој на прва го матираше Леман. Бекот на Италија се радуваше и трчаше како избезумен, а следниот ден таа слика беше на сите насловни страни во Италија, идентично како Марко Тардели во финалето 82-ра.

И кога Германците во следната и последна минута на мечот се обидуваа да израмнат за пенали, во одбрана наидоа на Канаваро кој се постави како ѕид. Триото Тоти-Џилардино-Дел Пјеро се погрижија за останатото. Во финале беа подобри од Франција на пенали.