Еден типичен ден на Интер за време на тројната круна со Мурињо

Историска сезона на Интер се смета 2009/2010 кога освоија Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони или на италијански позната како Tripleta. Една доста занимлива претпоставка за тоа како им изгледал еден ден. Го има и нашиот кој не ја носел колата на перење, а требал да го вози Мурињо.

4:00 часот наутро. Балотели се враќа од дискотека мртов пијан, му дава 500 евра на бездомник, едвај до гаѓа клучот во бравата од колата и се фрла во кревет со се алишта. Пред да заспие го гледа мобилниот со 17 пропуштени пораки и смс порака: „Марио врати се дома или во недела ќе седиш на клупа. Жозе“.

6:00. Тијаго Мота се буди, гледа на саат и станува за да не задоцни на тренинг од 10 часот.

7:00. Жозе Мурињо станува од кревет подготвен за новиот ден. Забележува со задоволство дека Ето е веќе ставен на трансфер пазарот и игра смешно од радост.

8:00. Хавиер Занети ги носи децата во школо. Има доволно време да направи пункт во бар за да собере пари кои би оделе во хуманитарни цели. Потоа има уште 5 километри до тренинг базата за да ги истрча и да стигне пред сите.

8:30. Во пресрет на следните ноќни натпревари Мајкон реши да си направи едно правило: Појадок на база на корнфлекс натопен во мраз.

9:00. Весли Снајдер станува од спиење и како секое утро проверува дали жена му е до него, а потоа проверува под кревет да не се крие Кениецот Марига.

10:00. Играчите се на тренинг, освен Арнаутовиќ кој се појавува последен и вели: Тука во Милано се луди, тргнав по обиколница за да стигнам побрзо, ама сите возеа во спротивен правец. Еден па возеше директно во мене.

11:00. Тренингот конечно може да почне. Шемата е едноставна, топката оди кај Милито кој е во страшна форма, а тој гаѓа прецизно како и да шутне, па макар имитирајќи го фелшот на Кварезма.

11:30. Тројца играчи од Примавера добија задача да вежбаат игра еден на еден со Лусио. Билансот е следен: повреда на колено, скршен нос и психолошка траума.

12:00. Тренингот заврши. Камбјасо му се јавува на Антонио Конте за да ја разоткрие мистеријата околу неговата коса и да стави перика пред да излезе во град со Балотели и Арнаутовиќ.

12:30. Мунтари не може да јаде поради Рамазан, а Мајкон како добар колега пие 4 големи пива пред него и мртов ладен му вели дека ги нарачал од Алах.

13:00. Сантон се обидува да излезе од салата за ручек без да го изеде зеленчукот подготвен од шефот Мурињо, но не знае дека на врата ќе се удри од ѕидот Самуел и потоа ќе се врати на место.

14:00. Време е за попладневен одмор. Балотели станува од спиење, оди на тренинг каде нема никој и потоа се обидува да направи една посета кај поранешната девојка Рафаела Фико.

16:00. Кордоба следа на Малпенса. Официјално неговото патување е поради семејни причини, но вистината е друга. Лига на шампиони не се освојува така и потребен е малку поттик од кланот Ескобар.

17:00. По завршувањето на попладневниот тренинг фудбалерите го напуштаат тренинг центарот. Мурињо исцрпен си оди дома, но на местото на својот Мерцедес наоѓа ливче со порака: „Мистер, ќе ви ја вратам колата до 22 часот, Марко Арнаутовиќ“.

18:00. За да се врати дома, Мурињо мора да бара превоз од Горан Пандев, но Пунтото на Македонецот е повалкано од тоалетите на Сан Сиро и тој превоз е поризичен од тоа да те вози Наполитанец со мотор и шлем.

20:00. Занети влегува во базен за да го заврши денот релаксирано, а Мурињо си подготвува лесна вечера. Наеднаш му паѓа чинијата, но се појавува Жулио Цезар и ја фаќа со рефлекс на мачка.

22:00. Денот на фудбалерите на Интер полека завршува. Киву и Станковиќ не веруваат во бонусите кои им стојат во договорите и одат да украдат малку бакар од железничка. Матераци пред куќа ја чека сестра му на Зидан за да ја носи на вечера, а Мурињо ги затвора очите со една единствена мисла: „Ако ја освојам тројната круна со ваков тим, освен Special One , треба да добијам нобелова награда за спорт“.

27 јануари 2017 - 15:21